Хакими повторно во фокусот

212

Лондонскиот премиерлигаш Челзи и понатаму со големо внимание ја следи ситуацијата околу мароканскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Ашраф Хакими. Новите сопственици на лондонските „сини“ се убедени дека челниците на ПСЖ ќе седнат на преговарачката маса доколку официјалната понуда за поранешниот фудбалер на Интер не биде помала од 70 мил. фунти.