Хакери украле 26.000,000 лозинки за налози на Епл, Амазон, Фејсбук и Нетфликс

62

Експертите за компјутерска безбедност пријавиле украдени податоци што содржат 26 милиони лозинки за популарни веб-страници, вклучувајќи ги Амазон, Фејсбук и Нетфликс, пренесува британски „Метро“.

Хакери користеле малициозен софтвер за да украдат 1,2 терабајти податоци, вклучувајќи и информации за плаќање, од три милијарди компјутери базирани на Виндоус помеѓу 2018 и 2020 година. Покрај лозинките, базата содржи повеќе од две милијарди колачиња и 6, 6 милиони други датотеки. Околу половина од нив се текстуални датотеки, од кои многу содржат идентификациски податоци за најавување што корисниците ги зачувале на работната единица. Податоците за плаќање и податоци за автоматско поплнување се украдени и од апликации како што се веб-пребарувачи.

Големото хакирање на податоци го откри компанијата за кибер безбедност Нордлокер, која соопшти дека таканаречениот „безимен малициозен софтвер“ бил користен за собирање податоци од уреди на потрошувачи. Овој тип на персонализиран малициозен софтвер, кој се пренесува преку е-пошта и нелегално преземен софтвер, може да се купи онлајн за само 100 американски долари, соопшти компанијата.

Портпарол на Нордлокер изјави дека хакерска група случајно ја открила локацијата на базата на податоци. Кој ги украл податоците и дали некои од нив биле злонамерно користени, останува непознато.