Дома БАЛКАН Хакери го пробија бугарското УЈП: Владата ви е ретардирана, а безбедноста циркус

Хакери го пробија бугарското УЈП: Владата ви е ретардирана, а безбедноста циркус

210

Управата за јавни приходи на Бугарија е хакирана. Хакерите преку анонимен имејл ги проширија личните податоци на милиони бугарски граѓани и фирми, а пораката што ја испратија гласи: „Владата ви е ретардирана. Вашата кибербезбедност е смешна“, објавува бугарски Дневник.

Аниномните хакери до медиумите испратија 58 фолдери со над 1 милион податоци меѓу кои ЕМБГ, имиња, адреси и приходи. Според испраќачите, информациите се добиени од еден од серверите во Министерството за финансии на Бугарија.
При прегледувањето на информациите “Капитал” откри податоци на неколку новинари од весникот, како и на министерот за финансии Владислав Горанов.
„Според карактерот на податоците поверојатно е дека се излезени од Управата за јавни приходни (НАП)”, велат од кабинетот на Горанов за „Капитал“.
Сега се врши истрага за потенцијален упад во компјутерскиот систем во бугарското УЈП. Се проверува дали протечените податоци во јавност се веродостојни на оние со комјутерските системи.
Според анонимниот имејл, ова не е целиот корпус на протечени податоци. „Владата ви е ретардирана. Состојбата со вашата кибербезбедност е смешка“, пишуваат хакерите.

о врска со овој скандал „Демократска Бугарија“ побара оставка од министерот за финансии Владислав Горанов.