Многу ниски температури ја зафатија Северна Америка, а интересно видео и фотографии ни доаѓаат од Монтреал. Имено, легендарната тркачка патека во Формула 1 – „Жил-Вилнев“ е претворена во лизгалиште. Снег и мраз го обиколија Монтреал, а една ноќ температурата се спушти на -27 степени. Споменатите временски услови ја замрзнаа добро познатата патека, така што таа беше претворена лизгалиште, а некои од посетителите се лизгаа по неа.

Што се однесува до патеката во Монтреал, таа остана во календарот на Формула 1 и ќе се вози на 18 јуни. Таа ќе биде деветта трка по ред во новата сезона од предвидените 23.