Фјури донираше седум милиони фунти за бездомниците

51

Британскиот боксер Тајсон Фјури го одржа зборот и комплетната зараборувачка од мечот против Дионтеј Вајлдер ја даде во добротворни цели. Тој пред мечот кој се одржа на први декември најави дека својата заработувачка која ќе ја добие ќе ја подари за изградба на социјални домови во Велика Британија, што воедно и го направи. Станува збор за цифра која изнесува околу седум милиони фунти.

  • Ја донирав целосната заработувачка, но не за да се промовирам себеси. Им помагам на луѓето и не треба да ми кажат фала поради тоа. Не сакам ниту да ме прозиваат како човек кој прави добри дела, истакна Фјури.

Британскиот боксер од борбата заработи два и пол милиони евра, додека остатокот ги доби преку продажба на ТВ правата. Сигурно е дека заработувачката од реваншот против Вајлдер ќе биде далеку поголема, бидејќи сите посакуваат нов дуел на двајцата борци кои одработија одличен меч на крајот од минатата година, кој заврши нерешено.