Светскиот и шампион во тешка категорија во верзии на ВБА, ИБФ и ВБО, Александар Усик (20-0) е убеден дека шампионот на ВБЦ во иста тежинска категорија Тајсон Фјури (33-0) го игра „лошиот“ во рингот поради неговиот имиџ.
-Кога нема камери, тој е сосема поинаков. Го глуми лошиот човек пред камерите. Мислам дека сака романтични филмови, а кога ги гледа малку плаче. Нема ништо лошо во тоа. Кога гледам некои филмови, можам и јас да пуштам солза, изјави Усик за Гардијан.
Толку очекуваната пресметка меѓу Британецот и Украинецот би можела да се одржи на пролет. Во август минатата година во Џеда, Усик го победи Ентони Џошуа (26-3) со одлука 2-1. Фјури го победи Дерек Чисора со технички нокаут во десеттата рунда на стадионот на Тотенхем во декември.