ФФМ ќе добие 17 милиони евра од УЕФА

37

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), заедно со преостанатите 54. Национални фудбалски асоцијации во Европа ќе добијат по 17 милиони евра од УЕФА за развојни проекти за периодот од 2024 до 2028 година.

Одлуката е донесена на дводневниот 46. редовен Конгрес на УЕФА што заврши во Виена, а на кој учествуваше и висока делегација на ФФМ, предводена од претседателот Муамед Сејдини.

Како што е соопштено, помеѓу 2024 и 2028 година, секоја национална федерација на Стариот континет ќе има на располагање 17 милиони евра за програми за едукација и развој, како што се програмите за општествена одговорност, обука на тренери и судии и за финансирање на фудбалската инфраструктура.

Од почетокот на програмата „Хет-трик“ во 2004 година, УЕФА во европскиот фудбал досега инвестираше 2.5 милијарди евра.