„Фуштанска“ ќе добие современ изглед

98

Една од најстарите улици во населбата Ченто, „Фуштанска” која е многу оштетена, ќе добие нов и современ изглед, најави градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски.

На средбата со граѓаните, Георгиевски им го претставил идејниот проект за тоа како ќе изгледа улицата и објаснил како ќе се одвива работната динамика.

Како што објасни Георгиевски, улицата ќе се работи по завршување на градежната сезона, поради кочењето од три месеци на донесувањето на ребалансот на буџетот за тековната 2019 година.