Фудбалер од Премиер лигата дел од групно силување

76

Еден фудбалер кој настапува во англиската Премиер лига е обвинет за групно силување кое се има случено на забавата која пак била организирана за време на пандемијата со смртоносниот вирус Ковид-19.

Девојката, која сака да остане анонимна, изјави дека следното утро се разбудила во креветот на фудбалерот и додаде дека во нејзиниот пијалок и биле подметнати неколку наркотични средства.

Англиските медиуми информираат дека девојката стравува дека била силувана од неколку фудбалери, кои исто така биле дел од забавата, а помеѓу нив бил и фудбалерот на англискиот премиерлигаш чии идентитет се уште не е откриен. Полициските службеници се уште официјално не го коментираат целиот случај, но потврдија дека веќе е направен информативен разговор со фудбалерот.

Девојката откри дека на забавата испила две чаши со алкохол и дека потоа пријателите и сугерирале дека се однесува многу чудно. И пријателите на девојката потврдиле дека таа не била сфесна за тоа што се случува со неа и дека не била во состојба да ја прифати поканата на фудбалерот да оди со него во кревет и да имаат сексуален однос.

За време на пандемијата со коронавирусот беа организирани неколку забави, но најпозната е таа која ја организираше офанзивниот бек на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Каил Вокер, кој ангажирал дури две проститутки.