Каталонскиот фудбалски гигант  Барселона, објави дека еден нивни фудбалер е позитивен на коронавирусот.

Не е откриено за кој точно фудбалер се работи, но тој се наоѓа во група од деветмина фудбалери кои ги почнаа подготовките за следната сезона, но не се во кадарот на тимот кој во петок ќе игра четвртфинале против Баерн во Лигата на шампионите.

-Заразениот фудбалер е без симптоми, добро се чувствува и се наоѓа во домашна изолација, открија од редовите на шпанскиот вицешамион.

Овој фудбалер не бил во контакт со играчите кои ќе играат во Лигата на шампионите.

Играчи кои ги почнаа подготвикте за новата сезона и меѓу кои е заразениот се Педри, Тринкао, Матеус Френандес, Жан Клер – Тодибо, Муса Ваг, Карлес Ален, Рагиња, Хуан Миранда и Ориол Бускетс.

Неодамна и мадридските клубови Реал и Атлетико имаа случаи заразени со коронавирус. Во реал беше заразен Маијано, а во Атлетико  Шиме Врсаљко и Ангел Корера.