Фудбалерот Баже Илијоски – Палте советник на  Костовски  

907

Спортистите, спортските работници и љубителите на спортот не треба да имаат грижа за развојот на спортот во Општина Бутел ! Како што објави на својата фејсбук страница, градоначалникот ан Општина Бутел, Дарко Костовски, негов личен советник и помошник во областа на спортот ќе биде еден од најдобрите интернационалци и македонски фудбалери бутелчанецот Баже Илијоски – Палте.

-Баже Илијоски е долгогодишен фудбалски репрезентативец, дел и од сениорската А селекција. Тој во својата богата меѓународна кариера има настапувано во Малезија, Јужна Кореа, Јапонија, Тајланд, Романија, долг период капитен на македонски Работнички, стрелец е на над 150 прволигашки голови и пет кратен освојувач на македонското првенство и купот – напиша Костовски.

Тој наведе дека околу советите и помошта за спортот волонтерски ќе бидат вклучени и неколку легендарни спортски имиња кои се родени и живеат во општина Бутел.

Општина Бутел изобилува со спортисти кои оствариле врвни спортски резултати, олимписките медалисти Шабан Трстена, Шабан Сејди и Дејан Георгиевски се олимписка гордост на Македонија но и на Општина Бутел.

Елиф Елмас, Ѓеорги Чековски, Ристе Деловски, Баже Илијоски, Борко Ристевски, Лазе Мајнов, Филип Додевски, Мартин Клинчаров, Вероника Костовска, Чедо Николовски, Анамарија Геогиевска, Александре Стајковски, Нена Трајчевска се исто така елитни спортисти кои постигнале врвни спортски резултати, во таа смисла овој тренд треба да се поттикнува за да се создадат што поголем број на вакви спортски икони.

За годинава, но и за периодот од следните три ќе спроведе сериозна спортска стратегија во спортската инфратруктура и генерално развојот за спорот, меѓу што и: стипендии за млади успешни спортисти до 18 годишна возраст од општина Бутел, но и за сениори успешни спортисти од општина Бутел, финансиска помош на спортски клубови, организирање на мини детски олимписки игри за учениците од основните училишта на територија на Општина Бутел, во финална фаза е изградбата на две врвно квалитетни баскет игралишта на отворено во Бутел 1 и Радишани. Игралиштата се со кошеви и подлога лиценцирани од светската кошаркарска асоцијација.

Воедно, ќе се градат нови, но и ќе се реконструираат сите постојни спортски игралишта во сите населени места, игралишта за мал фудбал, баскет, ракомет, одбојка и тн. Исто така, децата кои се во социјален ризик ќе се ослободат од плаќање чланарина во клубовите, а ќе се воспостави и блиска блиска соработка со спортистите и тренерите на сите клубови кои потекнуваат и работат на територија на општина Бутел.

Ќе се гради и олимпискиот спортски центар  „ Св.Климент Охридски“.