Фудбалерките на Каменица Саса го освоија пехарот во Македонскиот куп, откако во Скопје го совладаа АС Јунајтед со 4-0 (2-0).
До својот прв трофеј во националниот куп екипата од Македонска Каменица дојде на супериорен начин во финалната пресметка на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Каменица Саса дојде рано во водство со голот на бугарската интернационалка Антонина Шопска веќе во осмата минута, а до крајот на полувремето Ленче Андреевска ја удвои предноста биејќи прецизно во 22 минута.
Андреевска со својот втор гол на натпреварот зголеми на 3-0 на стартот на вториот дел, а печат на победата во финалето на купот стави Американката Пејтон Чик.
ФОТО: П.Стојановски