Екипата на Астон Вила конечно победи и стави крај на кризата во Премиер лигата, но Даглас Луиз не можеше да му помогне на тимот поради повреда.

И додека тој е надвор од составот и без фудбалски активности, Луиз многу работи на својот љубовен и приватен живот. Имено, бразилскиот играч за врска стапи во врска со атрактивната фудбалерка на Астон Вила, Алиша Леман.

Овој 23-годишен фудбалер и олимписки шампион со Бразил на Инстаграм сподели видео на кое се бакнува со една година помладата Алиша со која е во страсна врска и никој од нив веќе не го крие тоа.

Алиша Леман предизвика внимание по Европското првенство за жени до 19 години во 2018 година, кога беше во врска со својата соиграчка од репрезентацијата, Рамона Бекман, која е девет години постара од неа и настапува за ПСЖ. Тие беа заедно три години, а двете живееја во Англија.

  • Рамона и јас решивме да тргнеме по различни патишта во животот, заедно донесовме одлука. Сакам да и се заблагодарам на Рамона за трите години љубов и за сите спомени што успеавме да ги создадеме заедно. Навистина ја ценам и ќе продолжиме да бидеме пријателки и соиграчите, секако, напиша Алиша по ниваната разделба.