Фудбалерите се подготвуваат за победа против Израел

108

По поразот од Австрија на гостински терен, македонската фудбалска репрезентација денеска продолжи со тренинзи за претстојниот и последен евроквалификациски натпревар против Израел на домашен терен.

Овој дуел ќе биде последен за „црвено – жолтите“, а со евентуална победа можеме да се искачиме на третото место во групата Г, но за тоа се прашува и Словенија која гостува во Полска.

На денешните тренинзи се појави и Горан Пандев кој  тренираше со полн интензитет, иако го пропушти вчерашниот дуел поради настинка.