ФТ: ЕУ со план за инфраструктурни проекти во светот од 300 миллијарди евра

40

Европската унија планира да мобилизира до 300 милијарди евра средства за инфраструктурни и други проекти според планот наречен Глобална порта (Global Gateway) за да соперничи со кинеската иницијатива „Еден појас, еден пат“, објави Фајненшал тајмс.

Средствата ќе се распределуваат според новата стратегија до 2027 година. Финансирањето ќе доаѓа од фондовите на ЕУ, сопствените средства на земјите-членки, европските финансиски институции и националните развојни банки. Предвидено е и „да се направи обид за мобилизирање финансии и експертиза од приватниот сектор“.

Иницијативата ЕК официјално ќе ја претстави утре. Преку Европскиот фонд за одржлив развој ќе се соберат околу 135 милијарди евра.

Главната цел на ЕУ е да го зголеми своето учество во проекти во земјите во развој, спротивставувајќи се на иницијативата на Кина да го шири своето влијание низ светот. Главните области на европските инвестиции според новата стратегија ќе бидат дигитализацијата, здравството, климата, енергијата и транспортот, како и истражувањето и образованието..