Фрида Кало: Мексиканската библиотека верува дека има снимка од нејзиниот глас

383

Националната библиотека на звукот Фонотека Насионал во Мексико пронашла нешто што би можело да биде првиот познат гласовен запис на уметницата Фрида Кало.

Снимката е пронајдена во пилот изданието на Ел Бачиљера, радиоемисија од 1955 година. Во емисијата се зборувало за сопругот на Фрида, познатиот мексикански муралист Диего Ривера.

„Дали некогаш сте замислувале како би можел да звучи гласот на Фрида Кало? Фонотека и Култура МХ претставија снимка на она што би можело да биде гласот на една од иконите на уметности во нашата земја: Фрида Кало. Сега можеме да да се запознаеме со неа преку нејзиниот глас“, напишаа од Националната библиотека на звукот на Мексико на Твитер.

 

Емисијата ја продуцирал Алваро Галвес и Фуентес. Се верува дека текстот за Диего Ривера го напишала самата Фрида, а веројатно и го прочитала.

„Гласот на Фрида е една од најбараните снимки од библиотеката“, изјавил директорот на библиотеката Павел Гранадос.

Од одделот за култура исто така изјавиле дека ова би можело да е гласот на Фрида.