Рускиот воен брод, фрегата „Адмирал Григорович“ вплови во суданското пристаниште каде Русија планира да изгради морнаричка база, соопшти руската флота, пренесува Танјуг.
Тоа е првиот руски воен брод што влезе во пристаништето Судан, се наведува во соопштението.
Во ноември, рускиот претседател Владимир Путин одобри изградба на руски поморски објект во Судан.