Поранешниот член на групата Нокаут, Владимир Крстевски – Франц по втор пат стана татко. Тој и неговата сопруга Ема добија уште една ќеркичка за која го одбраа името Мона.

-На 31 јули 2020 се роди нашата втора ќерка Мона Франц Крстевски. Ти посакуваме добредојде на овој свет и ти посакуваме да те сака животот колку што те сакаме ние, напиша Франц на својот Фејсбук профил.

Инаку, Франц и Ема кои со години живеат и работат во Лос Анџелес, во брак се од октомври 2014 година. Тие ја имаат и едногодишната ќерка Мелоди.