Државниот совет на Франција, највисокиот административен суд во земјата, одби барање на Французинки, сопруги на екстремисти во Сирија, да се вратат во својата татковина со семејствата.

– Ги одбиваме барањата за враќање кои ги поднесоа државјаните на Франција со своите деца, кои моментално се во Сирија, соопшти судот.

Државниот совет соопшти дека француските судии не можат да донесуваат правно обврзувачки одлуки, затоа што за тоа би биле неопходни преговори со странски власти или интервенција на странска територија.

По самитот на министрите на Г7, САД ги повикаа сите членки да ги прифатат своите државјани и да им судат ако тоа е неопходно, но повеќето сојузници во Европа одбија да го сторат тоа.