Познатите фудбалери често се во центарот на вниманието поради бројни афери надвор од теренот. Се разбира, убавите жени се нешто кон што не можат да останат рамнодушни, а овој пат се јави и ријалити-ѕвездатаНаталиАндреани, која моментно има 50 години и се соблекува за познатата „OnlyFans“ страна.

Андреани тврди дека еден репрезентативец на Франција и понудил 50.000 евра за да ја поминат ноќта заедно.

  • Имам бројни понуди, а една дојде од фудбалер. Ми понуди 50.000 евра за да преноќувам со него. Ми понуди неколку пати, но јас го одбив, изјави Натали во интервју за францускиот магазин „Публик“.

Таа не откри за кој фудбалер станува збор, но затоа кажа дека игра за Франција.

  • Игра за француската репрезентација и морам да кажам дека бев шокирана од неговата понуда. Штета, ако не понудеше пари, ќе бев со него, додаде Натали.

Иако има 50 години, Натали сака да ужива во животот. Доказ за тоа се нејзините фотографии кои ги споделува на социјалните мрежи, на кои е исклучително привлечна и провокативна.

  • На 50 години, јас сум сексуално зрела. Уживам и сакам да откривам нови работи. Се грижам за своето тело и не изведувам егзибиции кога сум во кревет со маж, заврши ријалити-ѕвездата.