Француски бизнисмен предложил да се продаде Мона Лиза за 50 милијарди евра?!

521

Стефан Дистингин, основачот на Фаберновел, во едно од своите интервјуа предложи Франција да ја продаде сликата Мона Лиза за 50 милијарди евра за да ги надомести парите што ги загуби како резултат на пандемијата на коронавирусот. Дистингин објасни дека загубите ќе бидат многу значителни и оти тој верува дека државата треба да го продаде вредниот имот по највисока можна цена, пренесува Independent.

“Продадете го ‘семејниот имот’. Таа слика е лесно да ја поместите, лесно може да се пренесе. Имаме многу слики. Цената мора да биде луда за нешто вакво да функционира, и проценувам дека Мона Лиза може да ја продаде за 50 милијарди евра. Ми беше кажано дека мојата проценка е преценета“, рече Дистингин.

Иако бизнисменот имал и други предлози за продажба на популарната Мона Лиза, реакциите на надлежните за неговите изјави сè уште не се забележани.