Французите собраа илјадници евра за боксерот Детинге кој за некои е херој на „жолтите елеци“

72

За поранешниот француски боксерски шампион Кристоф Детинге, кој и се предаде на полицијата откако го снимија камери како удира нејзини припадници за време на протест на „жолтите елеци“, досега се собрани десетици илјади евра преку јавни донации, што ги налути француските министри.

Моментално, врз основа на одзивот, на сајтот за собирање пари за Детинге се смета на помош од 114.000 евра.

Нападот на Детинге врз полицијата, која го блокираше мостот преку Сена, стана симбол на насилната природа на протестите против Владата на францускиот претседател Емануел Макрон.

И додека некои учесници во протестите го сметаат Детинге за херој, некои француски функционери се лутат, а меѓу нив е и министерката за труд Муриел Панико, која изјави дека е несфатлива таква кампања за собирање пари.

– Како овие луѓе можат да им кажат на своите деца, на младите, дека насилството е одговор, рече министерката.

Детинге и се предаде на полицијата вчера, и рече дека се обидел да се одбрани и себе си и другите демонстранти, но призна дека „лошо реагирал“.

Тој се уште е во притвор.