Ракометните репрезентации на Франција и Данска уште еднаш приредија спектал, овој пат со среќен крај на олимпискиот шампион. Данска без неколкумина клучни ракометари во последниот меч од втората фаза на ЕП во Унгарија и Словачка имаше водство до 57 минута против големиот ривал, но во најважните моменти на сцена стапија ѕвездите на „триколорите“ и од негатива од пет гола стигнаа до победа од 30:29, што ги однесе во полуфиналето на шампионатот.

Данска во полуфиналето ќе се соочи со Шпанија, додека Франција оди на мегдан со Шведска. Во битката за петтото место, Исланд ќе игра против Норвешка.