Франција обвинила 18-годишно момче поради заговор за напад во име на ИД

27

Француските власти обвинија 18-годишно момче под сомнение дека планирал да изврши терористички напад со нож во име на џихадистите на Исламска држава, јавија денеска француски медиуми повикувајќи се на судски извори.

Првичните истраги покажаа дека тој планирал да изврши терористички напад „во име на ИД, на која и ветил верност“, нагласил изворот, кој побарал да остане анонимен.

Тој додал дека момчето било приведено во регионот Дром, југоисточна Франција, и обвинет во Париз.