Франција и Германија по 65 години го обновија Елисејскиот договор

39

 

Новиот документ од Ахен треба да помогне Германија да биде примена во постојано членство на Советот за безбедност на Обединети нации, за да се здобие со поголемо влијание во организацијата.

Ангела Меркел и Емануел Макрон потпишаа нов документ за меѓусебна соработка и интеграција, како обновување на Елисејскиот договор за помирување на Германија и Франција од 1963 година, обидувајќи се да ја заживеат главната оска на Европската Унија, среде се порастечките национализам и евроскептицизам.

Новиот документ од Ахен треба да помогне Германија да биде примена во постојано членство на Советот за безбедност на Обединети нации, за да се здобие со поголемо влијание во организацијата.

На церемонијата во пограничниот германски град Ахен, Меркел и Макрон покажаа дека се подготвени да го зајакнат своето водство во рамките на Унијата и да му дадат нов импулс на европското единство, кои во последен период беа ставени на голем тест од брегзит и мигрантската криза. Без да бидат соопштени детали, продолжувањето на договорот треба да ги доближи надворешните и одбранбените политики на двете земји, но тој чини малку на планот на економските реформи во еврозоната.

„Во времето кога на Европа и се заканува национализмот кој расте одвнатре, кога Европа е потресена од брегзит и од глобални промени, Германија и Франција мора да преземат одговорност и да го покажат патот кон напред“, кажа Макрон.