Франција испраќа во Украина уште 12 самоодни хаубици

30

Франција на Украина ќе и испорача уште 12 самоодни хаубици „Цезар“, најави денеска францускиот министер за вооружени сили, Себастијан Лекорну, по средбата во Париз со украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников.

Франција ќе испрати и 150 француски старешини во Полска, каде што е предвидено во рок од еден месец да обучат до 600 украински војници.

Дополнителните самоодни хаубици што се со среден дострел, ќе бидат финансирани од фондот за поддршка на Украина од 200 милиони евра, основан од Франција.