Франција жали за „непостоечкиот дијалог“ во НАТО, но има намера да остане во сојузот

32

Објавувањето за стратешко партнерство меѓу САД, Австралија и Обединетото Кралство, на штета на францускиот договор за подморници склучен со Канбера, сведочи за „непостоечки политички дијалог во рамките на „Атлантската алијанса “, оцени француската министерка на вооружените сили, Флоренс Парло, истовремено уверувајќи дека Париз има намера да остане во рамките на НАТО, јав дописникот на МИА.

 -Однесувањето на СAД кон програмата за подморници е дополнителна илустрација на констатацијата што ја правевме со месеци: денес, политичкиот дијалог не постои во рамките на Атлантската алијанса, рече Флоранс Парло за време на сесијата на прашања во Сенатот , исто така, осврнувајќи  се на „наглото повлекување од Авганистан, на некоординиран начин“.

Неколку политички противници на претседателот Емануел Макрон побараа повлеување на Франција од интегрираната команда на НАТО, организација што францускиот претседател остро ја критикуваше велејќи дека се наоѓа во состојба на „мозочна смрт“.

-Дали вреди да се тресне вратата на НАТО? Не верувам “, додаде таа. Меѓутоа, „причината за постоењето на НАТО не е конфронтација со Кина, тоа е трансатлантска безбедност“, а „ревизијата на стратешкиот концепт на Алијансата“ планирана за претстојниот самит во Мадрид „ќе ни овозможи да го разјасниме и да го стори тоа во согласност со европскиот стратешки компас за зајакнување на одбранбената Европа “. „Да се биде сојузник не значи да се биде заложник на интересите на другиот“, заклучи француската министерка