Франција е можна опција

31

Контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека би немал ништо против доколку својата богата тренерска кариера ја продолжи во француската Лига 1.

Пред да биде именуван за менаџер на Манчестер Јунајтед, “специјалниот” беше поврзуван со актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ.

Сепак, фудбалските медиуми се убедени дека освен “светците”, не постои друг клуб во Франција кој може да ги исполни финансиските желби на Мурињо.