Франција го зајакнува военото присуство во Источниот Медитеран

84

Франција привремено ќе го засили своето воено присуство во источниот дел на Средоземното Море, „за да ја следи ситуацијата во регионот и да ја покаже својата одлучност да се почитува меѓународното право“.

Франција го засилува военото присуство во источниот дел на Средоземното Море, соопшти вчера францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој ја повика Турција да запре со истражувањето за наоѓалишта на нафта и природен гас во спорните води што ги засили тензиите со Грција.

Францускиот претседател во разговор со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изрази загриженост за „едностраното“ истражување, соопшти Елисејската палата, додавајќи дека тоа мора да престане за да се овозможи дијалог меѓу двете членки на НАТО.

Франција привремено ќе го засили своето воено присуство во источниот дел на Средоземното Море, „за да ја следи ситуацијата во регионот и да ја покаже својата одлучност да се почитува меѓународното право“.

Турција и Грција се во спор околу територијалните води богати со енергенси, а тензиите се засилија во понеделникот, кога Анкара испрати истражувачки брод во спорниот дел на Средоземното Море, во придружба на воени бродови, еден ден откако Грција потпиша договор со Египет.

Министрите за надворешни работи во Европската Унија ќе разговараат по ова прашање на вонредниот состанок закажан за утре. Грчкиот министер истиот ден на истата тема ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Виена.

Во рамките на воената соработка на Грција и Франција, денеска беше одржана поморска воена вежба во источниот дел на Средоземното Мре, во која учествуваа грчки и француски фрегати.

Од Генераштабот на Грција соопштуваат дека воената вежба била и во морскиот дел во кој Турција во понеделникот, „со нелегалната NAVTEX најави истражувања“.

„Вежбата вклучуваше прогресивни маневри, предмети од заедничко оперативно планирање, размена на тактика на слики, комуникации, како и соработка со воздушни средства и придонесе да се подигне нивото на оперативната подготвеност, на борбената способност и на соработката на учесниците во сојузничка рамка“, соопштуваат од Генералштабот.

Во вежбата учествувале четири грчки фрегати и француска група бродови (Task Force), односно носач на хеликоптери и една фрегата, а во рамките на воената соработка на двете земји два француски авиони Rafale слетале во воената база Суда на островот Крит.