Ракометната репрезентација на Франција го доби дерби натпреварото со Норвешка на отворањето на Светското првенство во Египет. „Труколорите славеа со 28:24 во рамките на првиот натпревар во Е – групата.

Францускиот голман Пардин имаше извонреден настап издвојувајќи се како херојот во победата на Французите. Пардин го заврши натпреварот со дури 19 одбрани и беше избран за играч на средбата, додека во нападот Французите беа предводени од Мае со 9 погодоци. Кај Норвешка најдобар беше Сандер Сагосен со 10 гола.

Резултати: Русија – Белорусија 32:32, Алжир – Мароко 24:23, Австрија – Швајцарија 25:28, Словенија – Јужна Кореја 51:29, Португалија – Исланд 25:23