Порано или подоцна, се завршува, а денес тоа се случи со доминацијата на САД на Светското првенство во кошарка.

Франција ги нокаутираше Американците по победата од 89-79 во спектакуларно четвртфинале играно во Донгуан и продолжуваат до полуфиналето, каде ќе се соочаат со Аргентина.

„Петлите’ по втор пат стигнуваат до полуфиналето на кошаркарскиот Мундијал.

Еван Фурние и Руди Гобер одиграа одличен натпревар во историскиот триумф, постигнувајќи соодветно 22 и 21 поен. Фурние запиша 4/8 од тројка, додека Гобер фати 16 скока и направи 3 блока. Нандо Де Коло помогна совршено од клупата со 18 поени (9/10 од пенали), додека Френк Нтиликина остана со 11 поени и голем број клучни додавања во последната четвртина.

Донован Мичел постигна 29 поени за Соединетите држави, Маркус Смарт заврши со 11, а Кемба Вокер додаде 10.