Гаел Монфилс ќе го пропушти претстојното издание на Ролан Гарос. Фрнацускиот тенисер ќе замине на операција на петата која подолг период му прави проблеми.

-За жал би сакал да ве информирам дека сум принуден да се повлечам од турнирот во Лион и Ролан Гарос. Имам повреда на петата од Монте Карло и не можам нормално да се движам на теренот, напиша Монфилс.

Неговото отсуство значи дека Франција првпат во 21-от век нема да има претставник на својот грен слем турнир кој се одржува во Париз.

Новак Ѓоковиќ ја брани титулата од ланската сезона, кога во финалето го надигра Гркот Стефанос Циципас.