Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, со пресврт славеше над Италијанецот Фабио Фоњини, во 3. коло на Индијан Велс со 2:6, 6:3, 6:4, но овој натпревар го одбележа скандал кога лутиот Италијанец кажа погрдни зборови за таткото на својот противиник.

По завршување на мечот, дојде до вербална расправија меѓу двајцата ривали, а на се претходеа повиците од трибините на таткото на Циципас, Апостолос. Италијанецот му се пожали на судијата дека Циципас добивал недозволени совети, што било игноририано од страна на судискиот стол.

-Играме два на еден, рече Фоњини, а судијата на тоа му возврати дека тој тоа го сваќа како повик на бодрење за време на мечот.

Бесниот Фоњини не пропушти можност да го испровоцира таткото на Циципас, а тој детал не помина незабележано и од страна на верните навивачи на „белиот спорт“ Наместо за одличните потези од мечот , интернетот бруи од зборовите на нервозниот Италијанец.

-Убава тениска претстава на Фоњини и Циципас , Стефанос славеше после три часа игра. Фоњининне беше среќен и го обвни Циципас дека промал совети од својот татко. Циципас и понатаму ги излудува своите противници со предолгите паузи во соблекувалната, напиша еден навивач на друштвената мрежа „Твитер“

Фоњини се побуни кај судијата дека таткото на Циципас премногу зборува… „Кажете му да престане“, се вели во другиот твит од навивачот кој го следеше овој дуел.

Фоњини би можел да влезе во „тепачка“ со таткото на Циципас, а јас сум тука да ја гледам, напиша друг корисник на друштвената мрежа „Твитер“