ФОТО: Шкендија го освои Ѓорче Петров

24

Најинтересниот натпревар од 17. коло во македонската Прва фудбалска лига, дуелот помеѓу екипите на Македонија ЃП и Шкендија, заврши со триумф на гостинот од 3:1. Лидерот на табелата, тимот на Струга, забележа минимална победа над екипата на Академија Пандев, додека бранителот на тронот, тимот на Шкупи ја надигра Брегалница.

Струга има пет бода повеќе од второпласираниот Шкупи и осум повеќе од третопласираната Шкендија.

Резултати:

Македонија ЃП-Шкендија 1:3
Струга-Академија Пандев 1:0
Тиквеш-Силекс 0:2
Победа-Скопје 0:0
Шкупи-Брегалница 3:1

ФОТО: П.Стојановски