ФОТО: Фала ти за се ГРАНДЕ ПАНДЕВ!

151

Фудбалската репрезентација на Македонија со нов пораз се збогува од првото големо натпреварување. Избраниците на Игор Ангеловски дадоа се од себе и на третиот натпревар од групната фаза на ЕП 2020, но домаќинот, репрезентацијата на Холандија забележа убедлива победа од 3:0.

Најзаслужен за освоените три бода е новиот фудбалер на ПСЖ, Џими Вајналдум, кој постигна два погодока, а во листата на стрелци се запиша и последната аквизиција на Барселона, Мемфис Депај

Дуелот на арената „Јохан Кројф“ доби уште повеќе на значење затоа што нашиот капитен, Горан Пандев, го одигра и последниот натпревар во репрезентативниот дрес на Македонија.

Гранде Пандев во 65 минута го напушти зелениот терен, а сите фудбалери со шпалир се збогуваа со својот капитен.