ФОТО: Спортското новинарство покажа жолт картон

59

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја одржа тркалезната маса на тема „Спортското новинарство – опомена пред исклучување“.

Покрај колегите и колешките од спортската секција при ЗНМ, се обратија професорите Јасна Бачовска – Недиќ и Иван Анастасовски, Милорад Стојмановски, долгогодишен уредник на спортска редакција во повеќе македонски медиуми и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

Секцијата на спортски новинари која три години постои во рамки на ЗНМ ја презентираше анкетата која јасно покажа дека спортското новинарство во Македонија е во лоша ситуација и дека поголемиот дел од спортските новинари веднаш би ја смениле својата професија.

ФОТО: П.Стојановски