ФОТО: Пресврт победа на Работнички

88

Минимална, но злато вредна победа во дуелот против фаворизираниот тим на Академија Пандев, забележаа фудбалерите на Македонија ЃП. Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 90 минута, беше дело на Дејан Блажевски, кој успешно го изведе ударот од белата точка.

Само еден бод на секогаш незгодното гостување во Кратово, освои актуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкендија. Поради новиот кикс, „црвено-црните“ од Тетово веќе имаат 10 бода помалку од лидерот на табелата, екипата на Вардар.

Резултати: Борец – Вардар 0:1, Македонија ЃП. – Академија П. 1:0, Силекс – Шкендија 0:0, Работнички – Шкупи 2:1, Ренова – Струга ТЛ. 2:0. Табела: Вардар 42, Шкендија 32, Силекс 31, Македонија ЃП 29, Академија П. 27, Шкупи 25, Струга ТЛ 24, Ренова 22, Работнички 21, Борец 20.

ФОТО: П.Стојановски