Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во Полска каде в недела ќе го одигра квалификацискиот натпревар за престојното Европско првенство 2020 година. Благодарение на минималниот, но сосема заслужен триумф во дуелот против селекцијата на Словенија, избраниците на Игор Ангеловски останаа во игра за втората позиција во групата „Г“, која гарантира директен пласман на ЕП 2020.

Репрезентацијата на Македонија е на третата позиција со 11 освоени бода, додека Полска е првопласирана со 16 освоени бода.

ФОТО: П.Стојановски