ФОТО: Пирова победа на Пелистер

128

Ракометарите на Пелистер забележаа триумф од 24:22 над хрватскиот преставник Нексе, но победата не се покажа како доволна за да обезбедат пласман во 1/4 финалната рунда од регионалната СЕХА-лига.

Избраниците на Жељко Бабиќ имаа обврска да ја надополнат негативата од три гола разлика, но и покрај фактот дека на неколку наврати имаа предност од посакуваните „плус четири“, големиот пад во последните петнаесетина минути се покажа како кобен за Пелистер кој имаше невидена подршка од навивачите кои до последно место ја наполнија салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Митревски имаше осум интервенции и еден постигнат погодок, а во фазата на нападот најефикасни кај Пелистер беа Јотиќ со пет и Маџовски, Вегар и Остроушко со по три погодоци.

ФОТО: П.Стојановски