ФОТО: Новајлијата лесен залак за Вардар

123

Лидерот на домашната табела, тимот на Вардар, ја искористи предноста на домашниот терен и со 2:0 ја доби првенствената пресметка против новајлијата во елитното друштво, екипата на Борец.

„Црвено-црните“ дојдоа до посакуваното водство веќе на стартот од натпреварот со погодокот на Даниел Аврамовски, а во 71 минута во листата на стрелци се запиша и Али Адем.

Резултати: Академија П. – Македонија ЃП. 4:0, Вардар – Борец 2:0, Шкендија  – Силекс 3:0, Шкупи – Работнички 2:0, Струга ТЛ. – Ренова 1:0.

Табела: Вардар 24, Академија Пандев 24, Шкупи 16, Македонија ЃП 16, Шкендија 14, Струга ТЛ 14, Ренова 13, Силекс 12, Борец 11, Работнички 10.

ФОТО: П.Стојановски