ФОТО: Мијатовиќ побрз од сирената

305

Најинтересниот натпревар од 2. коло во македонската Прва кошаркарска лига, пресметката помеѓу екипите на Работнички и Гостивар, заврши со минимален но злато вреден триумф на „центарци“ од 91:90.

Триумфот на Работнички го донесе српскиот интернационалец Данило Мијатовиќ со кошот кој буквално беше постигнат во последната секунда од натпреварот.

Хејден Лесколт беше најдобар во победничкиот тим со 25 поени, осум скока и осум асистенции, а Мијатовиќ запиша 17 поени дополнети и со четири скока. Двејн мечот го заврши со 16 поени, а Ефремовски постигна 14 поени. Во поразениот состав се издвои Доналдсон со 21 поен, а по 14 поени постигнаа Тасовски и Џелатовиќ.

ФОТО: П.Стојановски