Од 11 до 15 јуни, италијанскиот град Торино, ќе биде домаќин на новото издание на Јувентус светскиот куп. Како и во изминатата година, така и во 2019 година, најголеми виновници за добиената покана да се биде дел од една ваква светска манифестација се организаторите на Јувентус Камп Македонија, кои пред еден месец со голем успех го реализираа второто издание на „црно-белиот“ камп во нашата земја.

Шанса да се докажуваат со големите таленти од целиот свет ќе добијат македонските фудбалери од генерацијата 2006/2007 и 2008/2009. Отварањето ќе биде на „Алијанц арена“, а на фудбалскиот храм, кој е дом на најтрофејниот италијански клуб, ќе биде одигран и финалниот натпревар (14. Јуни). По одигрувањето на финалниот натпревар сите учесници ќе имаат шанса да се запознаат со претседателот на „старата дама“, Андреа Ањели и спортскиот директор, Павел Недвед.

  • Во изминатиот период фудбалерчињата одиграа неколку пријателски натпревари кои покажаа дека се во добра форма и со право очекувваме да бидат постигнати неколку позитивни резултати во групната фаза. Од Јувентус не информираа дека сите учесници во живо ќе го следат квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 помеѓу селекциите на Италија и БиХ. Предвидено е да се посети клупскиот музеј и фан шопот на Јувентус. Секое дете ќе добие медал, а ќе има и апликација на која можат во живо да се следат сите натпревари. Ова е уникатно искуство за сите деца и ние сме пресреќни што им овозможивме вакво нешто, изјави еден од организаторите на Јувентус Камп Македонија, Дино Дамјановски.