ФОТО: Македонија му подари бод на Казахстан

69

Само еден бод освои младата репрезентација на Македонија во квалификацискиот дуел против селекцијата на Казахстан. Иако нашите надежи важеа за апсолутни фаворити дуелот од 3. коло во квалификацискиот циклус за ЕП 2021 заврши без побдник, односно 1:1.

Избраниците на Благоја Милевски дојдоа во воство во 20 минута со погодокот на Милан Ристовски, но гостинот израмни во 75 минута со погодокот на Оралхан Омиртаев.
После три одиграни кола, нашиот национален тим е на втората позиција со 7 освоени бода.

ФОТО: П.Стојановски