Иако најавија анулирање на негативата и пласман во следното елиминациско коло, фудбалерите на Македонија ЃП мораа да стават крај на европската авантура веќе во првото квалификациско коло од Лига Европа.

Реванш пресметката против ерменскиот преставник Алашкерт, одигран во Скопје, заврши со убедлива победа на гостинот од 3:0 (вкупно 6:1).

Ерменците дојдоа во водство со погодокот на Ненадовиќ, а во листата на стрелци се запишаа Тиаго Галвао и Восканјан.

ФОТО: П.Стојановски