Најинтересниот натпревар од последното есенско коло во македонската Прва фудбалска лига, дуелот помеѓу вечните ривали Вардар и Шкендија, заврши без победник, но гледачите на националната арена „Тодор Проески“ видоа дури четри погодоци.

„Црвено-црните“ на два пати имаа минимално водство, благодарение на Дарко Мицевски и Али Адем, но гостинот дојде до посакуваниот бод со двата погодока на Омар Имери.

Резултати: Струга ТЛ – Борец 1:1, Вардар – Шкендија 2:2, Ренова – Работнички 4:3, Шкупи – Македонија ЃП 2:3, Силекс – Академија П. 3:1. Табела: Вардар 36, Шкендија 28, Академија Пандев 27, Силекс 27, Македонија ЃП 26, Струга ТЛ 24, Шкупи 22, Борец 20, Ренова 19, Работнички 16.

ФОТО: П.Стојановски