ФОТО ГАЛЕРИЈА/Иџе возеше по празните скопски улици во чест на хероите во битката со коронавирусот

169

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе денеска после 18 часот со неговиот тркачки автомобил промотивно ја возеше релација Лисиче-Аеродром-Центар-Карпош.

„Медицинарите и полицијата се нашите херои“, пишуваше на маицата која тој ја облече пред стартот на возењето.

Фото: П.Стојановски

„Ова се мигови кои би сакал никогаш да не се повторат. Улиците низ градовите на нашата држава, никогаш повторно да не бидат празни. Токму затоа, мудро да се вратиме во секојдневието. Нашите медицински лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани кои се НАШИТЕ ХЕРОИ ВО ОВОЈ ПЕРИОД, со свој придонес направија полека, но сигурно, да излеземе победници од оваа битка. Затоа во нивна чест, јас и мојот тим ќе им дадеме поддршка, но и почит како големо признание за нивната пожртвуваност“, порача Иџе на Фејсбук.