ФОТО: Беласица немаше лек за Ѓурѓевиќ

128

Единствениот саботен натпревар од 2. коло во македонската Прва фудбалска лига, дуелот помеѓу екипите на Работнички и Беласица, заврши со сигурен триумф на „романтичарите“ од 2:0. Новото засилување за нападот, Фахрудин Ѓурѓевиќ, беше стрелец на двата гола за составот на Ратко Достаниќ.

Работнички дојде до првите три бода во новата сезона, а новајлијата во елтниото друштво, тимот на Беласица, е закован на последната позиција со гол разлика 0:8.

ФОТО: П.Стојановски