ФОТО: Без победник во Тетово, минимална предност за „пандевци“

150

Најинтересниот натпревар од четвртфиналната рунда во Купот на Македонија, дуелот во Тетово помеѓу екипите на Шкендија и Работнички, заврши без победник (1:1). Домаќинот прв дојде во водство со погодокот на бразилскиот интернационалец Жуниор, а израмнувачкиот погодок беше дело на Драган Стојков.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (први натпревари):ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1:1, ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ 0:1, СТРУГА ТЛ – РЕНОВА 0:0, БРЕГАЛНИЦА – ЛАБУНИШТА (16:30 Ч.).