Фотовест: Фонтаните водоскоци останаа како „магнет“ за ѓубрето во Вардар 

301

Испокршени, свиткани и нефункционалните фонтани или таканаречените водоскоци во реката Вардар, кај Камениот мост и натаму останаа немо да сведочат за проектот „Скопје 2014“.

Сега тие пропаѓаат, служат како закачалки за ѓубрето што го носи реката Вардар, кеси, треви и други нечистотии и наместо атракција, тие се само грда слика во центарот на градот.   

Претходниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов најави дека во 2018 година заедно со врбите од Вардар, ќе ги отстрани и фонтаните, но, тоа не се случи.

-Тоа ќе се случи наскоро, напролет, најави тогаш Шилегов, потенцирајќи дека тоа ќе го стори пред сè од безбедносни причини, бидејќи и фонтаните и врбите го загрозувале течението на реката, а со тоа се зголемувале опасностите од излевање на Вардар по обилни дождови.

Токму врбите и фонтаните поставени среде Вардар во 2011 година, беа меѓу најкритикуваните детали од „Скопје 2014“. За трите врби беа потрошени околу 250.000 евра, а речиси исто толку чинеа и двете фонтани. Тие беа платени со пари од буџетот на Општина Центар.

(А.П.) Фото: (Ѕ.П.)