По бројните одложувања, новата сезона во Формула 1 конечно започнува на 5 јули со трката за Големата награда на Австрија на патеката „Шпилберг“. Од ФИА, организаторите на овој шампионат, наведуваат дека на оваа патека ќе се одржат две трки. По првата закажана за 5 јули, закажана е уште една за 12 јули.

Календарот за останатиот дел од сезоната не е познат. Според актуелниот календар на 19 јули ќе се вози на „Силверстоун“, а две недели подоцна во Унгарија. Почнувајќи од 15 март кога требаше да се вози во Мелбурн, досега се одложени или откажани вкупно 10 трки. И дефинитивно се одложени трките во Франција, Монте Карло, Холандија и Австралија, а останува неизвесен датумот за трките во Бахреин, Виетнам, Кина, Шпанија, Азербејџан и Канада.